Фото: Роjтерс

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес ги обвини западните држави, дека спроведуваат ʺогромна кампања“ за поддршка на московската ʺнесистемска опозиција“, вклучително и политичарот Алексеј Навални, додека истовремено ʺси ги затвораат очите за сопствените внатрешни проблеми“.

Захарова додаде дека Соединетите држави го сметаат секој што ʺќе се конкурира со нив во секоја сфера“, за свој ʺосновен враг“.

Таа исто така истакна дека западните земји се групираат околу нивната загриженост од загубата на конкуренцијата, кое им пречи да работат ʺна општо прифатена основа, за да се натпреваруваат на меѓународна правна база“.

Претходно оваа недела, САД усвоија дополнителни санкции против Русија, откако посочија дека Москва користела ʺхемиско оружје во обид за убиство на Алексеј Навални“, нарушувајќи ја на тој начин Конвенцијата за хемиско оружје. Овој потег беше критикуван од власта во Кремљ.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO