Фото: Роjтерс

Германските вакцинациски власти ќе ја препорачаат вакцината против Covid-19 на AstraZeneca и за лица над 65 години, соопшти денес германското издание Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Ваквото решение би го олеснило снабдувањето со вакцини против Ковид-19 наспроти одложениот процес на вакцинација во земјата.

Германското издание исто така посочи дека препораката на Постојаната комисија за вакцини (STIKO) на Германија е веќе распишана, но сè уште се разгледува на внатрешен план, пред да биде објавена во јавноста.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO