
Манчестер Сити ја продолжи својата победничка серија на сите турнири.
Сити ја постигна 21-та победа совладувајќи го гостинот Вулверхемптон со 4-1 во натпревар од 27-то коло во Премиер лигата.
Головите ги постигнаа Леандро Дедонкер (15 ‘автогол), Габриел Жезус (80’, 90 ‘) и Ријад Марез (90’), а Конор Коди се запиша за ʺВолцитеʺ во 61 минута.
