Фото: Роjтерс

САД ќе располагаат со доволно количества  на вакцини за сите полнолетни Американци до крајот на мај оваа година, изјави синоќа претседателот Џо Бајден, цитиран од информативните агенции.

Тој додаде дека побарал од Министерството за одбрана да обезбеди логистичка поддршка за напорите на компанијата Johnson & Johnson.

ʺСега сме на пат да располагаме со доволно вакцини за сите полнолетби во Америка до крајот на мај“, нагласи претседателот на САД. ʺТри седмици порано можевме да кажеме дека ќе добиеме доволно залихи до крајот на јули. Се радувам да соопштам за последиците од интензивирањето на процесот “, додаде тој.

ʺПрекрасна вест, но тоа не завршило. Останете будни! “, ги поттикна Бајден своите сонародници.

Снабдувањето со вакцини, меѓутоа е само еден од предизвиците пред постигнувањето на групен имунитет, истакна претседателот. Следниот предизвик е тие вакцини да бидат поставени. ʺГи враќаме лекарите и медицинските сестри кои се во пензија. Создадовме 1.500 работни места за медицински лица “, рече Бајден.

На прашањето кога САД ќе можат да се вратат во нормала, тој изјави дека бил предупреден да не одговара на тоа прашање, бидејќи ништо не е сигурно, но додаде дека се надева ʺво истото време следната година да се вратиме во нормалата“.

Американските власти добиле инструкции од претседателот да ги вакцинираат работниците во образованието до крајот на март со најмалку една доза на вакцина против коронавирусот. Неоходно е децата треба да се вратат во училниците што е можно поскоро, нагласи Бајден, истакнувајќи дека училиштата можат да бидат отворени дури пред вакцинирањето на сите што работат во нив. Но, наставниците и родителите се загрижени, додаде тој.

.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO