Денеска почнува првата фаза на пописот. Во неа ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците.

ʺПописот е најважната и најголемата статистичка операција со која ќе се обезбедат податоци кои ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики кои водат кон искоренување на сите форми на сиромаштија, нееднаквост, зачувување на животната средина, обезбедување на просперитет и мир.Процесот на отпочнување на преговорите со ЕУ започнува и со пописот, кој е од особена важност и наша обврска како држава-кандидат за членство во ЕУ, бидејќи токму поглавјето Статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите.Со учеството во пописот секој граѓанин ќе даде свој личен придонес кон подобра иднина за сите нас. Тоа е наше задолжение, наша обврска кон државата, кон нас самите и кон нашите децаʺ, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Вицепремиерот, Артан Груби, пак, на фејсбук ги повика иселениците Албанци да се мобилизираат и да се самопопишат во што поголем број.

Опозицијата во меѓувреме собира потписи за измени на Законот за попис. Досега велат дека имаат собрано над 80 илјади потписи.

Попишувањето  ќе може да се изврши  преку веб-страницата https://stat.gov.mk и ќе трае сè до 21 април.

Во вторник владата треба да донесе посебни протоколи за заштита поради пандемијата, веќе се работи на изборот на тимовите попишувачи, завршува конкурсот, следува обуката, а од утре почнува и пописот во дијаспората.

Пописот на целото население ќе се спроведе од 1 до 20 април. Шест месеци потоа, се очекуваат и официјалните резултати и од пописот.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO