Фото: Роjтерс

Суд во Франција го осуди поранешниот претседател Никола Саркози на три години затвор под обвинение за корупција и злоупотреба на службената положба, објави Ројтерс.

Саркози треба ефективно да издржи една година од казната, другите две се условни. Тој беше обвинет дека предложил да му помогне на судија ʺдобра“ работа во Монако во замена за внатрешна информација за истрага на финансиите на неговата изборна кампања.

За март е закажан нов процес, каде Саркози и 13 негови соработници ќе треба да одговорат за обвинувањата за нелегално финансирање на кампањата во 2012 година.

Никола Саркози е втор поранешен француски претседател осуден за корупција по починатиот Жак Ширак.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO