Фото: Роjтерс

Израел си поставил за цел да ја отвори својата економија до 5 април, откако ќе ги вакцинира против коронавирус сите соодветни за вакцинација лица во земјата. Ова го објави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесе Ројтерс.

Тој кажа дека очекува до крајот на март сите Израелци на и над 16 години, соодветни за вакцинација, да бидат вакцинирани против коронавирусот, што ќе и овозможи на економијата да продолжи со работа на 5 април.

„Четвртата фаза – до крајот на март имаме намера да ги вакцинираме сите граѓани над 16 години. Во април сакаме да постигнеме целосно отворање. Се разбира, се зависи од процентот на заболени. Но, ако ги почитуваме правилата, ќе го постигнеме“.

Премиерот исто така најави дека Израел преговара за отворање на два погони на ʺФајзерʺ и ʺМодернаʺ во земјата. Тој на ʺМодерна“ ќе произведува шишенца за вакцини, а „Фајзер“ ќе спроведува научно-истражувачка дејност.

Израелскиот парламент му дозволи на Министерството за здравство да соопштува на други институции лични податоци за лица кои не се вакцинирани. Целта е соодветните органи да ги поттикнуваат граѓаните да се вакцинираа, обраќајќи се директно кон нив.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO