Фото: Роjтерс

Во Грција тие не можат да го овладеат распостранувањето на вирусот по повеќе од три месеци карантин и строги мерки.

Од денес е објавен целосен локдаун и на неколку острови, а во голем дел од земјата се на сила вонредни строги мерки.

Се зголемува бројот на реоните во Грција, каде од денес се наложува строг карантин. Ковид-19, исто така, успеа да проникне и на острови, каде до скоро случаите на заразени беа единици.

До 1 март се воведуваат вонредни мерки на островите Калимнос, Кефалонија и Тасос. На островот Крит најзаразениот реон е градот Хераклион.

Според епидемиолозите, неопходно е реонот Атика и главниот град Атина да останат под локдаун барем уште една седмица. Во последните денови половина од регистрираните новозаразени се во грчката престолнина.

Во сила се мерките, излегување од дома само во итни случаи, забрана за напуштање на областа на место на живеење, вечерен час од 21 часот, додека за време на викендите е од 18 часот.

Сите продавници се затворени, освен на тие со прехрамбени продукти и аптеките.

Лекарите откриле дека британскиот вид се распостранува многу брзо и дури предлагаат како задолжителна мерка во целата земја носењето на двојна маска.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO