Коњак од 1777 година беше продаден за 40.500 британски фунти (скоро 46.000 евра) на сајтот за онлајн продажби Whisky.Auction. Ова шише коњак стана едно од најскапите во светот, тврди сајтот, цитиран од АФП.

Дестилиран во времето на Луј XVI во замокот ʺИвонʺ близу до Коњак, југозападниот француски град кој му го дал своето име на овој алкохолен пијалок, коњакот бил дел од колекцијата на Жак Арди, кој починал во 2006 година откако ја раководел куќата Hardy во продолжение на 50 години.

Според сајтот, ова шише ʺтечна историја“ се чувало во дабови буриња повеќе од 100 години, а потоа било префрлено во дамаџан пред да биде флаширано во 1936 година.

Други пет шишиња коњак од колекцијата на Жак Арди со датуми 1802, 1812, 1856, 1906 и 1914 година биле продадени заедно за време на таа аукција за вкупно 49.600 фунти или скоро 56.500 евра, посочува Whisky.Auction.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO