Во храмот Свети Архангел Михаил во Белград беше востоличен новиот српски патријарх Порфириј . Во својата прва проповед тој го спомна Косово со зборовите:
ʺНашата најголема грижа ќе продолжи да биде Косово и Метохија и нашиот православен народ, каде и да живее … Косово за нас е духовна папочна врвца што нè поврзува со лулката и изворот на нашиот идентитет“, нагласи српскиот патријарх.
Порфириј, им се обрати на верниците со совет ʺво условите на пандемија да не му дозволат на стравот да надвладее над разумот“. Тој ги повика граѓаните да бидат силни и трезни, да не му дозволат на стравот да надвладее и дека ʺсекој здрав човек може да биде многу полош вирус“.
„Човекот е единствениот вирус кој создава дисбаланси во светот, кој Бог го создал. Да покажеме колку сме меѓусебно поврзани и обединети и како заедно можеме да го надминеме овој бич, пред сè, бичот на гревот и болестите“, кажа патријархот.
На церемонијата присуствуваа српскиот претседател Александар Вучиќ и лидери на српските верски заедници.
(„Загребско-љубљанскиот митрополит Порфириј е чест гостин на Бугарската православна црква, при што земал учество на конференциите на меѓународната мрежа за проучување на религиите и деструктивните култови“, напишаа по изборот на српскиот архиереј од Светиот Синод на БПЦ.)

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO