Грчките власти го отворија граничниот премин Промахон-Кулата за преминување на товарни камиони во двата правци.

Предупредуваат за затворени патишта и замрзнати делови на патиштата.

Обалст Атика е во снежна стапица, што предизвика потешкотии во патниот сообраќај во грчката престолнина.

На грчка територија, сообраќајната полиција ги предупредува возачите на камионите до каде можат да патуваат и во кои реони се уште е забрането преминувањето на тешки товарни возила. За оние кои превозуваат стока до грчките пристаништа информираат дека засега затворени остануваат само пристаништата во Пиреја, Рафина и Лаврио.

Во северна Грција, врнежите од снег престанаа, но ниските температури ги задржуваат заледените делови на патиштата. На многу места, преминувањето е можно само со синџири. Температурите паднаа на минус 20 степени во северниот дел на земјата. Аеродромите работат со нормален сообраќај.

Циклонот ја постави под опсада област Атика. Во Атина не се движи јавниот превоз. Запрено е движењето на сите видови автомобили во правец Атина – Ламија.

На многу места во Грција има проблеми со напојувањето со електрична енергија. Без електрична енергија се реонитв во област Атика и на островите.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO