Романскиот министер за развојот Атила Чеке изјави дека земјата е на последно место во Европа по број на детски јасли, пишува в. ʺАдеварулʺ, цитиран од БТА.

Во една ТВ-емисија синоќа, министерот кажа дека во Романија има 386 детски јасли, во просек околу 10 во секој округ, со што земјата е на последно место во Европа.

За споредба, во Бугарија, според Националниот статистички институт, има 835 детски јасли со 33.746 места во нив.

Атила Чеке најави дека годинава ќе започне национален проект за изградба на детски јасли.

ʺИзградбата на повеќе детски јасли може да доведе до зголемување на наталитетот во Романија“, посочи министерот, додавајќи дека почнувајќи од оваа година, финансирањето на изградба на детски јасли можат да биде префрлено од централните на локалните власти. ʺЌе ја започнеме работата на најкатегоричен начин, бидејќи тоа е проект што го најавив кога стапив на должност“, вети министерот.

Тој додаде дека техничките услови за изградба на детски јасли во Романија се од 1997 година. Според неговите зборови, работна група подготвува заповед за промени на таков начин што новите детски јасли ќе бидат изградени на ниво на барања за 2021 година.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO