Фото: Роjтерс

ʺЕвропскиот пат на Косово поминува низ сеопфатна нормализација на односите со Србија и ЕУ очекува новите власти во Приштина да се ангажираат конструктивно за продолжувањето на дијалогот со посредство на Заедницата, како и да ја искористат можноста да се постигне сеопфатен договор“. Ова се наведува во соопштението на Европската служба за надворешни работи по повод одржаните парламентарните избори во земјата.

Во документот се додава дека Косово треба да напредне во реформите, потпирајќи се на Договорот за стабилизација и асоцијација и на европскиот дневен ред за реформи, а исто така и во регионалната соработка.

ʺГо очекуваме формирањето на нов парламент и влада, како и избор на претседател“, се вели во соопштението.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO