Фото: Роjтерс

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ги обвини Соединетите држави дека ја поддржуваат терористичката Курдска работничка партија, ПКК, која Анкара ја обвинува за егзекуцијата на 13 киднапирани Турци во пештера во северен Ирак.

Меѓу убиените имало и турски војници и полицајци. Вашингтон изјави дека стои зад Турција и ги осудува егзекуциите, ако се потврдат информациите дека тие се извршени од курдите.

Ердоган ја нарече реакцијата ʺфарса“ и ги обвини Соединетите држави дека всушност ги поддржуваат терористите:

ʺАко сакате да го продолжиме нашето партнерство на глобално ниво и во НАТО, треба да сте искрени со нас и да престанете да поддржувате терористиʺ.

Ердоган изјави дека никој немал веќе право да ја критикува Турција за нејзините операции против терористите во соседните Ирак и Сирија. И сојузниците на НАТО треба да изберат – или да го поддржат него, или тероризмот.

Министерството за внатрешни работи вп Анкара, во меѓувреме соопшти дека над 700 лица се уапсени во 40 градови во Турција за врски со ПКК.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO