На 14 февруари се одбележува Успението на Свети Кирил Славјанобугарски според црковниот календар, како и Свети Трифун Зарезан по стар стил, познат како Ден на лозарите.

Според бугарскиот обичај, селските стопани излегуваат на полето, ги полеваат корените на лозата со вино и благословуваат.

Скоро 42.000 се професионалните лозари во Бугарија, кои денес го одбележуваат својот празник. Во Бугарија се одгледуваат над 60 илјади хектари лозја, секоја година се произведуваат над 80 милиони литри вино.

Благодарение на европската поддршка, интересот за овој сектор расте.

ʺЛозјата во Бугарија секоја годинасе зголемуваат со 10 до 12 илјади декари ново засадени“, резимира директорот на Агенцијата за лозјата и виното Красимир Коев.

Бугаринот сака, а законот дозволува до 1 тон грозје годишно да се претвори во домашна ракија или вино. Тие се надвор од официјалната статистика на испиеното вино.

ʺКоличините на вино, кои се консумираат во земјата се меѓу 110-120 милиони литри“, посочува Коев.

Последните години покажаа дека Бугаринот го претпочита родното вино пред увозното вино и ги дели симпатиите подеднакво – помеѓу бело и црвено.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO