Фото: Роjтерс

Григор Димитров се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн. Димитров за скоро два часа игра го елиминираше минатогодишниот вицешампион и третопласиран на светската ранг листа Доминик Тим (Австрија) со 6: 4, 6: 4, 6: 0.

Во првиот сет Бугаринот надмина негатива од 1: 3, но ги зема следните четири гема и направи 5: 3 за да го заврши сетот со 6: 4. Во вториот сет, Тим водеше повторно со 3: 1, но Димитров израмни, и на крајот освои три последователни гема и по 6: 4 водеше со 2: 0 во сетови. Бугаринот одигра неверојатен трет сет, во кој не загуби ниту еден гем и по 6: 0 го заврши двобојот по својата втора меч топка. Димитров зеде девет последователни гема на крајот за да го добие мечот.

„Тоа беше еден од натпреварите, низ кои треба да поминеш во текота на сезоната. Денес беше ден, во кој се ми одеше добро. Успеав да ја задржам концентрацијата, затоа што играв против еден неверојатен соперник. Среќен сум што стигнав до четвртфиналето, „, кажа 29- годишниот Бугарин, кој продолжува напред без загубен сет во неговите први четири натпревари.

За место во полуфиналето, Димитров ќе игра против дебитантот Аслан Карацев (Русија). Русинот го победи светски рангираниот под број 20-Феликс Оже-Алиасим (Канада) со 3: 6, 1: 6, 6: 3, 6: 3, 6: 4 за 3:28 часа. Карацев, број 114 на светската ранг-листа, беше првиот тенисер по Алекс Радулеску на Вимблдон во 1996 година кој стигнува до четвртфиналето при своето деби на Грен слем турнир. Тој е исто така првиот квалификант по Бернард Томиќ на Вимблдон во 2011 година кој се пласираше во осминафиналето. 27-годишниот руски квалификант ги загуби првите два сета, но успеа да направи пресврт против Аже-Алиасим.

Димитров и Карацев досега не играле еден против друг.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO