Циклон навлегува во Грција со очекувани за денес обилни врнежи од снег, а полицијата е подготвена да ги затвори патиштата во случај на големо заледување.

Температурите нагло паднаа во целата земја.Силни ветрови преовладуваат главно во северниот дел на земјата и во Егејското Море.

Во билтен Атинската опсерваторијата во Атина се предупредува за обилни врнежи од снег попладнево, при што циклонот наречен Медеја, ќе се движи од северниот кон јужниот дел на Грција.

Од Цивилната заштита ги предупредуваат луѓето да ги отстрануваат опасните предмети од балконите, кои можат да паднат при силен ветер. Има ризик бурата да искорени дрвја.

Да се патува денес и утре само при крајна неопходност и тоа во текот на денот, повикуваат властите.

Во сите општини има затоплени сали за луѓе кои не можат да си дозволат затоплување деновиве и за возрастни лица кои живеат сами, соопштуваат од владата. Во исто време им се обезбедува храна и лекар.

Под забрана е влегувањето на мали пловни објекти во морето, како и секаква дејност во близина на морскиот брег.

Од сообраќајната полиција соопштуваат дека ќе ги затворат патиштата во случај на силно заледување.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO