Фото: Роjтерс

Сите хипотези за потеклото на Ковид-19 остануваат на масата по истражувањето на тим на Светската здравствена организација во Кина. Ова го изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус во петокот, откако Вашингтон објави дека сака да ги разгледа податоците од мисијата во Кина, пренесе Ројтерс.

Тимот, кој помина четири седмици во Кина во барање на потеклото на коронавирусната пандемија, на почетокот на оваа седмица изјави, дека веќе не го разгледува прашањето дали вирусот ʺизбегал“ од лабораторија, кое го смета за крајно неверојатно.

Администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјавуваше дека се сомнева дека вирусот е дело на кинеска лабораторија, кое Пекинг категорично го одрекува.

ʺНекои прашања беа подигнати за прашањето дали некои хипотези се отфрлени. Одкако разговарав со некои членови на тимот, сакам да потврдам дека сите хипотези остануваат можни и сакам дополнителна анализа и проучување “, објави Тедрос.

ʺНекој дел од оваа работа може да е надвор од опсегот на оваа мисија. Секогаш сме кажувале, дека оваа мисија е малку веројатно да ги најде сите одговори, но таа додаде важна информација, која не води чекор поблизу до разбирањето за потеклото на коронавирусот “, додаде директорот на СЗО.

Првичниот извештај со наодите на мисијата може да биде готов следната седмица, кој ќе биде проследен со конечен извештај ʺво следните седмици“. И двата документи ќе бидат јавни.

Мисијата претходно објавуваше дека нејзините главни хипотези се поврзани со лилјакот, но постојат неколку сценарија за тоа како вирусот се пренел на луѓето, веројатно прво преминал во друг вид или животно.

Администрацијата на Трамп посочи на лабораторија во кинескиот град Вухан, претпоставувајќи дека точно од таму тргнал вирусот. Кина одамна вели дека лабораторијата никогаш не располагала со вирусот.

Токму од Вухан на крајот на 2019 година се појавија првите соопштенија за ʺмистериозна пневмонија“.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO