Кире Лазаров е новиот селектор на македонската ракометна репрезентација, откако ја доби подршката од Управниот одбор на РФМ.

Актуелниот капитен на националниот тим и убедливо најдобриот ракометар во историјата на Македонија го прифати предизвикот да биде и селектор.

ʺСакам да се заблагорам на претседателот и УО за поддршката, без размислување го прифатив овој предизвик за мене. Македонија не сум ја одбил, така и во оваа ситуација. Не очекува голема одговорност, работи кои заедно ќе ги направиме. Се надевам на успешна и долгорочна соработка во иднина“, беа првите зборови на Лазаров.

Тој ќе дебитира на клупата на репрезентација веќе во март, кога не очекува двомеч со Данска во квалификациите за ЕП.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO