
Шпанскиот оперски пејач и диригент Пласидо Доминго ја диригира операта ʺБохеми“ на Џакомо Пучини, чии претстави се на Новата сцена на Бољшој театар на 12 и 14 февруари, соопшти ТАСС повикувајќи се на генералниот директор на театарот Владимир Урин, пренесе БТА.
Тој потсети дека активната креативна соработка на Доминго со Бољшој театар започнува во октомври минатата година, кога Доминго го диригираше спектаклот ʺМанон Леско“ и е исполнител на гала концертот ʺБољшој театар и Пласидо Доминго: животот во операта“ со учество на sвезди како Ана Нетребко . Доминго пристигнал во Москва на 8 февруари.
Во 2019 година Пласидо Доминго беше обвинет за сексуални посегнувања, по што десетици оперски театри во САД и Европа откажаа соработка со него. Легендарниот оперски пејач поднесе оставка како генерален директор на операта во Лос Анџелес по обвинувањата, иако ги негираше. Независна истрага покажа дека 10 од нив се веродостојни, а Доминго им се извини на засегнатите.
Во март минатата година, Доминго се зарази со новиот коронавирус и беше хоспитализиран, но се опорави.
