Данската полиција соопшти дека минатата недела привела 13 лица, а нивните германски колеги привеле еден под сомнение за подготвување терористички напад со експлозиви во една од двете земји, пренесе Ројтерс.

ʺОвие луѓе може да биле инспирирани од екстремистички исламизам. Пронајдени се компоненти за создавање на бомба “, изјавија од данското разузнавање на денешниот брифинг.

Апсењата доаѓаат по заедничката данско-германска операција. Доцна синоќа, од данската полиција изјавија дека смета дека ʺима луѓе со намера и можност да извршат терористички напади во Данска“.

Меѓу предметите запленети при претресите, се знаме на терористичката организација ʺИсламска државаʺ, пушки и детонатори.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO