Фото: Роjтерс

Русија е подготвена да ги прекине своите односи со Европската унија. Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во интервју за еден од најпознатите про-Кремљски новинари, Владимир Соловјов, Сергеј Лавров откри при какви околности Москва е подготвена да ги прекине своите односи со Брисел:

ʺАко уште еднаш видиме дека во некакви области се наметнуваат санкции, кои создаваат ризици за нашата економија, вклучително и во најчувствителните сфериʺ.

Лавров кажа дека Русија не сака да се изолира од светот, но во истото додаде, дека ако сакаш мир, треба да се подготвуваш за војна.

Високиот претставник на ЕУ, Жосеп Борел, по работната посета на Москва минатата седмица, изјави дека ќе предложи нови санкции против Русија.

Според неговите зборови, руската страна одбива да води конструктивен дијалог за прашања поврзани со човековите права и политичките слободи.

Се очекува евентуалните нови ограничувања да бидат разгледани од министрите за надворешни работи на ЕУ на 22 февруари.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO