Фото: Роjтерс

Кинеската Нова година ќе протече на еден поспокоен начин оваа година во новите услови на вирусната криза. Празникот ќе се помине без поголеми прослави на отворено за да се гарантира безбедноста на луѓето. На пример, во Хонг Конг, се укинува традиционалната раскошна парада и огномет, како и собирите во храмовите во различни кинески провинции.

47 музеи во Пекинг подготвиле специјални настани за празничната сезона, кои вклучуваат изложби и интерактивни игри. Повеќето од нив ќе се спроведат виртуелно со продолжено работно време. Исто така библиотеките, културните центри, галериите, театрите, парковите и забележителностите ќе останат отворени за празникот во кинеската престолнина. Тие ќе работат со ограничен број посетители на ден и претходни резервации. Многу од овие места исто така ќе им предостауваат  на жителите на Пекинг попусти и бесплатни услуги.

Исто така, локалните гледачи со нетрпение ги очекуваат премиерите на неколку кинески филмови за кои се купени милиони билети. Пролетниот празник традиционално е најпрофитабилната сезона за филмската индустрија, а кината се очекува да останат отворени со намален капацитет до 50% во Пекинг и во други области.

И по празникот, културните настани ќе продолжат да се спровдеуваат во наметнатиот во пандемија ʺхибриден формат“, а имено онлајн и офлајн, сè додека не се нормализира состојбата.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO