Фото: Роjтерс

Русија сака да ги развива односите со Европската унија, нагласи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој посочи дека медиумите погрешно го итерпретирале кажаното на оваа тема од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Ако Брисел наметне санкции, кои ќе создаваат ризик за клучните сектори на руската економија, Москва е подготвена да ги прекине своите врски со Европската унија, изјави во интервју рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

ʺНие не сакаме да се изолираме од глобалниот живот, но треба да бидеме подготвени за тоа. Ако сакаш мир, подготви се за војна“.

Подоцна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека Русија би сакала да ги развива своите односи со Европската унија.

ʺНие сакаме да ги развиваме односите со Европската унија, но ако Европската унија тргне по тој пат, тогаш – да, ние ќе бидеме подготвени. Ете за што зборува министерот“.

Односите меѓу Русија и Западот повторно се затегнаа поради приведувањето и праќањето во затвор на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, се проговири и за нови санкции.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO