Од утрово започна драстичен пад на температурите во Грција и силен ветер.

Прогнозни податоци на Националната опсерваторија во Атина соопштуваат за силен циклон со температури под нулата, снег, заледување на патиштата.

Во вонредна соопштение, министерот за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис повика да се патува само во крајна неопходност и сите автомобили да се снабдени со ланци. Се очекува, утре да се ограничи или забрани движењето на товарни автомобили на целата патна мрежа. Сообраќајната полиција препорачува да се патува во текот на денот и многу внимателно без влегување во лентата за итни случаи.

Од оваа ноќ се очекуваат врнежи од снег низ целата земја и силни морски бури. На малите пловни објекти им е забрането да влегуваат во морето и се прекратуваат сите дејности во близина на морето.

Сите сили на Цивилната одбрана се подготвени да укажат помош, соопштуваат од владата.

Според прогнозите бурата Медеја ќе трае три дена.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO