Фото: Роjтерс

Во Турција денес се предвидува да започне втората фаза од вакцинацијата на населението против Ковид-19 со кинеската вакцина „Синовак“, пренесе БТА.

Деновиве заврши 28-дневниот период од поставувањето на првата доза вакцини и се преминува кон вакцинирање со втората доза вакцини, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Како и пред 28 дена, така и во оваа етапа прво ќе се изврши вакцинирањето со втора доза вакцини на здравствените работници, а потоа и на возрасните во домовите за стари лица, како и на оние над 80 години.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е исто така вклучен во првата група за вакцинирање со втора доза вакцина, како и политичките лидери.

Се планира да започне и вакцинирањето на 65 и 70 годишните лица со првата доза.

Според податоци на Министерството за здравство, од почетокот на кампањата во Турција се вакцинирани 2.800.000 лица.

Министерот за здравство Фахретин Коџа посочи дека целта на здравствените власти е да постигнат најмалку 60 проценти вакцинирање на населението, што ќе овозможи создавање општествен имунитет и нормализирање на животот.

Тој додаде дека досега се обезбедени 15 милиони дози и се договорени вкупно 100 милиони дози на вакцини.

Министерот Коџа посочи дека се предвидува во блиска иднина да бидат достигнати планираните нивоа, како со производство на сопствена вакцина, така и со снабдување со вакцини од различни извори.

Од идниот понеделник, здравствените власти во Турција ќе ги огласуваат пред јавноста седмичните податоци од распостранувањето на епидемијата во сите области на земјата.

Исто од понеделник се планира да започне вакцинирањето на лицата на 65 и 70 години.

Во моментов се огласуваат податоците од распостранувањто на Covid-19 на национално ниво.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO