Фото: Роjтерс

Во Атина се одржува значајна средба на министри за надворешни работи. Зајакнување на регионалната безбедност е целта на форумот во Атина, на кој учествуваат министрите за надворешни работи од земјите од Источен Медитеран до Блискиот исток и Персискиот залив.

Средбата е наречена ʺФорум пријателство“ и се очекува првите дипломати да разговараат за актуелните можности за економска и енергетска соработка меѓу Кипар, Египет, Јордан, Саудиска Арабија и САД.

Политички аналитичари одбележуваат дека форумот се одржува по приближувањето на Израел со неколку арапски држави, при што овој развој е поддржан од Вашингтон и придонесува за безбедноста во регионот.

Несомнено, на форумот се очекува грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, да го постави на разгледување и прашањето за политичкото поведение на Анкара кон Грција и Кипар.

Првите дипломати ќе разговараат и за развојот на пандемијата, како и за мерките што се применуваат во оваа кризна ситуација.

Форумот ќе го отвори грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а по преговорите се очекува јавна заедничка изјава на министрите за надворешни работи.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO