Фото: Роjтерс

По Атина, под закана од целосен локдаун се Солун и Патра. Релативно чести се случаите на носители на ʺКовид-19“ меѓу малите ученици, според истражување на епидемиолозите.

Приватните клиники во Грција ќе бидат мобилизирани доколку се пополнат местата во државните болници. Критична е состојбата во болниците во областа Атика, каде секојдневно се хоспитализираат по 200 болни со Ковид, коментираат специјалистите во Грција по повод решението на премиерот за целосен локдаун од утре во областа Атика.

Од советот за контрола на распостранување на вирусот настојуваат уште денес владата да земе решение и да воведе целосен карантин и во областите Солун и Патра. Епидемиолошката состојба е влошена од зголемениот број на носители на вирусот со новите мутации и во овие две грчки области.

Министерот за здравство изрази загриженост дека се повеќе деца под 9-годишна возраст се заразуваат.

Опозициските партии бараат итно започнување на национална кампања за истражување на сите грчки граѓани, како и на странците што живеат во земјата.

Голем дел од родителите настојуваат да се затворат сите училишта во земјата.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO