Григор Димитров продолжува со доброто претставување на Отвореното првенство во тенис во Австралија.

Поставениот под №18  во основната шема Димитров не се соочи со никакви потешкотии против претставникот на домаќините Алекс Болт, кој учествуваше со ʺвајлд-карта“.

Интрига имаше само во првиот сет, во кој и двајцата тенисери ги земаа своите сервиси. Во тај-брејкот, Гришо беше категоричен и го освои со 7: 1.

Ова очигледно влијаеше на психата на Болт, кој беше прегазен со 6: 1 во вториот сет. Сликата не се смени и во третиот сет, во која по два пробива Димитров поведе со 4: 0. Дури тогаш Австралиецот успеа да освои гем на својот сервид. Тоа не влијаеше на конечниот исход на натпреварот. Григор и Болт ги земаа гемовите на свој сервис и стигнаа до 5: 2, по што бугарскиот тенисер лесно го зема третиот сет со 6: 2, а со тоа и мечот.

Во третото коло Гришо ќе игра против Пабло Карењо Буста, со кого досега имаат одиграно шест натпревари и имаат по три победи.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO