Фото: Роjтерс

Грчките фармери не се откажуваат од протестите дури и во услови на пандемија.

Во Лариса ги извадија тракторите, но без блокади на патиштата.

Фармерите бараат да ги стават во приоритетна група за вакцинирање.

Како и секоја година, фармерите од Лариса први се присетија на проблемите во земјоделскиот сектор.

Тие организираа поворка со трактори во градот Лариса и ги предадоа своите барања на областниот управител, барајќи итни преговори со министерот за аграрен развој.

ʺПринудени сме да ја продаваме стоката по цени што не ги покриваат ниту трошоците“, изјавија пред медиумите во Лариса.

Тие ја обвинуваат владата за ветена и неплатена помош. Бараат 100% компензација за штетите од пандемијата, гориво по ниска цена без акциза и да се намали за 50% цената на електричната енергија во земјоделскиот сектор.

Фармерите од Лариса не блокираа патишта, но ветија дека ќе протестираат се додека не бидат исполнети нивните барања. Засега нема информации дека ќе протестираат фармерите од Серес, кои секоја година го блокираат граничниот пункт на „Промахон“.

Во вонредна состојба на пандемија, не се очекува полицијата да дозволи дури излегување на трактори од Серес, а Промахон е единствениот отворен граничен премин со Бугарија.

Опозициските партии повикуваат веднаш да започнат преговорите меѓу владата и грчките фармери.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO