Опис: „Устав и Правилник на Бугарските Македоно – Одрински Револуционерни Комитети [1894 г.]“, публикувано во „ВМРО 1893-1903. Поглед низ документи“, Матица Македонска – Скопје, 2013 година

„Устав на Бугарските Македоно – Одрински Револуционерни Комитети [1894 г.]

Глава I

Цел

  1. Целта на БМОРК е придобиванье полна политичка автономиjа на Македониjа и Одринско.
  2. За постиганье на таа цел, тие се должни да го пробудуваат сознанието за самозаштита каj бугарското население во наведените во 1. области (…).

Глава II

Состав и устроjство

1.Член на БМОРК може да биде секоj Бугарин, без разлика на пол, коj што не е компроментиран со ништо нечесно и безкарактерно пред општеството(…).

Глава IV Казни 13. Секоj, што ке се згреши со штета на делото, било тоj работник или не, Бугарин или не Бугарин, се казнува. Казната му се определува од месниот комитет и се извршува во согласнотс со Централниот. 14. Врз основа на овой устав, е изработен подробен внатрешен правилник.“

Правилник на Бугарските Македоно – Одрински Револуционерни Комитети [1894 г.]

  1. Секоj член при простапуваньето во Комитетот треба да положи заклетва коjа гласи: „Се заколнувам во Бога, верата и своjата чест, дека ке се борам до смрт за слободата на Бугарите во Македониjа и Одринско, дека безусловно ке се покорувам на началството и без приговор ке jа исполнувам неговата заповед; дека нема да издам никому, ниту со збор, ниту со дело таjната, со коjа дене се веначам и сето онаа, кое од денес натаму ке го чуjам, видам и разберам за делото. Во спротивен случаj, нека бидам убиен од еден од другарите со револвер или кама, кои овде ги бакнувам“.

Заклетвата се дава пред евангелие, револвер, кама, или какво оружjе ке се наjдел се прават три поклонуваньа, се бакнуваат изброените нешта, кои по заклетвата пак се бакнуваат. Заклетва може да даде било коj член на Комитетот, но се претпочитаат духовните лица.“

Извор: Скенирано од оригинален примерок

Автор: Ванчо Георгиев- македонски историчар и професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, при Филозофскиот факултет на катедрата за историја во Скопје. Член на заедничката мултидисциплинарна комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија.

За да ја прочитате книгата кликнете ТУКА

Извор: Библиотека Струмски

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO