Григор Димитров започна со прекрасна победа на годинашното учество на Отвореното првенство на Австралија . 21-от во светот Бугарин буквално го одвеа шампионот на УС Опен за 2014 година, Марин Чилиќ (Хрватска) со 6: 4, 6: 2, 7: 6 (5) по 2 часа и 8 минути игра. 29-годишниот Димитров го надмина својот противник во сите компоненти на играта, а најсилните оружја му беа сервисот и сечениот ретурн.

32-годишниот Чилиќ не беше еден од најпосакуваните противници на Димитров, со огледа на тоа што тој водвеше со 4-2 во нивните претходните натпревари. Освен тоа во последните три сезони стигнуваше најмалку до четвртфиналето во Мелбурн. Сето ова даваше претпоставка за многу тежок натпревар за Григор уште на стартот, но ништо од тоа не се случи денес.

Димитров беше исклучително концентриран и смирен, пласираше 20 аса наспроти 4 на Чилиќ, забележа 34 винери и направи само 19 непредизвикани грешки наспроти 41 од Хрватот. Неговата стабилна игра беше ислучителна пречка за Марин Чилиќ, кој беше бледа сенка на тенисерот кој ја освои грен слем титулата и играше во финалето на Австралија опен во 2018 година.

Во следниот круг соперник на Григор Димитров ќе биде Австралиецот со вајлд-карта Алекс Болт, кој победи во четири сета над Словакот Норберт Гомбос – 6: 3, 6: 2, 4: 6, 6: 3.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO