Фото: Роjтерс

Манчестер Јунајтед ја пропушти шансата да се изедначи по бодови со лидерот Манчестер Сити, откако заврши нерешено 3: 3 на домашен терен против Евертон во рамките на 23-то коло во Премиер лигата. Доминик Калверт-Луин драматично израмни во петтата минута од додаденото време по прекршокот на Мајкл Кин и грубата грешка во одбраната на домаќините.

Во 70-тата минута Скот Мактоминеј го направи резултатот 3: 2 по центрирањето на Лук Шоу. До паузата ʺцрвените ѓаволи“ водеа со 2-0. Единсон Кавани се запиша од близу во 24-та минута по асистенција на Маркус Рашфорд. Бруно Фернандез со лоб удар во 45. минута го зголеми водството на Јунајтед на два гола.

Четири минути по паузата, Абдулаи Докоре ја намали разликата на ʺкарамелите“, а во 53. минута Хамес Родригез со удар од казнениот простор изедначи на 2: 2. По голот на Мактоминеј, на два пати Маркус Рашфорд пропушти да реализира четврти погодок во голот на гостите од Ливерпул.

Манчестер Јунајтед е на второто место во поредокот, со два бода помалку од лидерот Манчестер Сити, кој има одиграно два натпревари помалку. Подоцна денес, ʺнебесносините“ му гостуваат на шампионот Ливерпул. Евертон е шести во Премиер лигата со 37 бода.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO