Вчера во рамките од 21 коло во најсилното италијанско првенство составот на Џенова на домашен терен приреди изненадување совладувајќи го Наполи со резултат 2:1 (2:0).

На стадионот ʺЛуиџи Ферарис“ во Неапол домаќините дојде до шестата победа сезонава благодарение на македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

Нашиот напаѓач беше двоен стрелец, првиот гол го реализираше во 11 минута после асистенцијата на Бадељ, а вториот следуваше во 26 минута по додавањето на Зајц, и истите не ги славеше од почит спрема неговиот поранешен клуб.

Пандев кој настапи до 67 минута кога беше заменет од Скамака, досега во Серија А сезонава има учинок од четири погодоци во 16 настапи.

Воедно со вечерашните два гола дојде до рекорд во Топ 5 европските лиги, односно стана највозрасниот фудбалер во сезоната 2020/21 со придонес од најмалку два гола и најмалку две асистенции.

На спротивната страна за ʺнаполитанците“ целиот меч го одигра Елиф Елмас, а погодокот на гостите беше дело на Политано во 79 минута од средбата.

На табелата во Серија А Џенова е на 11 позиција со 24 бодови, додека Наполи после седмиот пораз е на петтото место со 37.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO