
Фото: Роjтерс
Денес започнува светски познатиот карневал во Венеција. Поради пандемијата, тој ќе биде различен од традиционалниот.
Без туристи, без карневалски поворки и улични забави, Венеција ќе го одржи својот познат карневал преку Интернет. Важното е што не се откажа да се одржи дури на овој начин, бидејќи во спротивно, едно потрадиционално спроведување изискуваше сложени организациски проблеми, како што се случува со музичкиот фестивал ʺСанремо“ во март: му беше дозволено да се одржи без публика и да биде емитуван.на ТВ.
Како улично шоу што не може да се одржи, Венеција ќе емитува карневалски забави преку онлајн студио од своето казино Ca ’Vendramin Calergi. Ќе се запази традицијата, ќе се запази конкурсот за најдобра карневалска маска и за најубава таква венецијанска девојка наречена ʺМарија“. Така, преку Интернет и социјалните мрежи под мотото „Традиционален, емотивен, дигитален“, карневалот во Венеција ќе стане достапен за целиот свет.
Тој ќе заврши на 16 февруари.
