Раководителот на рускиот државен инвестициски фонд (РДИФ), Кирил Дмитриев, денес изјави дека вакцината против коронавирус „Спутник V“ ќе биде одобрена за употреба од 25 држави во следните неколку седмици.

„Нашата вакцина ʺСпутник Vʺ веќе е регистрирана во 14 држави. Ќе имаме повеќе од 25 регистрации во следните неколку седмици“, рече Дмитриев на виртуелната средба на Светскиот економски форум во Давос, соопштува Ројтерс.

Повеќе од 50 држави се пријавиле за купување на вакцината, додаде шефот на РДИФ.

Во меѓувреме, руските здравствени власти соопштија за 18.241 ново инфекции со Ковид-19 во последните 24 часа, што е најмал дневен број од 31 октомври 2020 година. Вкупниот број на заразени лица во земјата од пандемијата достигна 3.756.931.

Бројот на починатите со коронавирус достигна вкупно 70.482 откако се зголеми за 564 во последните 24 часа.

Од друга страна, вкупниот број на луѓето излекувани од Ковид-19 достигна 3.174.561. Според податоците од почетокот на пандемијата досега се извршени над 100 милиони тестови за коронавирус.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO