Фото: Роjтерс

Италијанскиот премиер Џузепе Конте ги претстави пред Советот на министри причините да си поднесе оставка. Официјално, тоа ќе го направи пред претседателот на земјата Серџо Матарела.

Набљудувачите ја определуваат политичката криза предизвикана пред една недела од ʺИталија Виваʺ, која се повлече од мнозинството, како ʺкриза во мракот“, затоа што не е јасно што може да се случи по оставката на премиерот Конте.

Шефот на државата ќе ја процени ситуацијата по консултации со парламентарните сили утре попладне и потоа ќе донесе решение.

Важно е дека тој има гаранции за парламентарно мнозинство. Тоа е гарантирана засега од коалициските партнери ʺПет sвездиʺ, Демократската партија и од партијата ʺСлободни и еднаквиʺ, но недоволно за горниот дом на парламентот по повлекувањето на ʺИталија Виваʺ, која не сака предвремени избори како што сака десната опозиција.

Целта е да нема предвремени избори. Се работи за создавање на широк парламентарен фронт со проевропска насока за нов можен трет кабинет на Конте.

Последниот важен декрет на неговиот втор кабинет, потпишан утрово, ја врати автономијата на МОК, со кое Италија нема да биде санкционирана за Олимписките игри.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO