Фото: Роjтерс

Манчестер Сити ќе биде без Кевин де Бројне меѓу 4 и 6 седмици. Ова го откри менаџерот на ʺграѓаните“ Гвардиола на денешната прес-конференција.

Белгиецот се здоби со повреда на натпреварот со Астон Вила во средата. Тој ќе отсуствува од терените во период од 4 до 6 седмици.

Тоа значи дека најдобриот фудбалер во Англија за минатата сезона Де Бројне, кој неодамна запиша асистенција број 100 за Сити, ќе ги пропушти натпреварите против Ливерпул, Тотенхем и веројатно Арсенал следниот месец. Тој може да не е на располагање околу 10 натпревари, што го вклучува и првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Борусија (Менхенгладбах) на 24 февруари.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO