Јувентус го освои Суперкупот на Италија во фудбал, откако го совлада Наполи со 2-0. Натпреварот се играше на стадионот ʺМапеи“ во Реџо Емилија, а головите ги постигнаа Кристијано Роналдо во 64-та минута и Алваро Мората во дополнителното време. Во 79-та минута sвездата на Наполи, Лоренцо Инсиње промаши пенал.

Со својот гол Роналдо стана најуспешниот играч во историјата на фудбалот со 760 погодоци на клупско и национално ниво. Португалецот го подобри достигнувањето на легендарниот Чех Јозеф Битзан.

Трофејот беше прв во тренерската кариера на Андреа Пирло. „Многу сум среќен. Чувството да победуваш како тренер е различно. Мислам дека е дури и попријатно од тоа да подигнуваш пехари како фудбалер, затоа што сега водам еден голем клуб со огромна историја. Прекрасен момент “, сподели Пирло по мечот.

ʺСо Џенаро Гатузо сме пријатели, но и двајцата бевме премногу концентирани за да разменуваме шеги на линија. Разочаран сум за него, но среќен сум за себе. Со оглед на сè што сторивме од почетокот на сезоната, критиките по поразот од Интер беа премногу и незаслужени.

Затоа сум уште позадоволен што победивме денес. Сум свикна,. дека медиумите можат да те издигнат на врвот и потоа да те срушат. И како фудбалер имав подеми и падови. Зад мојот грб стои многу сериозен клуб и можам да работам мирно. Резултатите ќе зборуваат за мене “, додаде Пирло.

Кристијано Роналдо исто така беше среќен од триумфот. ʺМногу сме радосни. Беше тешко, особено со оглед на тешкиот терен, но ние ја завршивме својата работа. Покажавме сосема поинаков став во споредба со мечот со Интер. Игравме лошо тогаш, но тоа е веќе во минатото. Трофејот е важен за нас, се надеваме дека ќе ни донесе дополнителна самочувство и увереност “, изјави Кристијано.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO