Фото: Роjтерс

Карл-Хајнц Румениге изјави дека претседателот на УЕФА Александар Чеферин размислува евентуалната организација на Евро 2020 да е само во една држава, а не како што беше планирано во различни градови во Европа. Причината за ова е пандемијата од коронавирус, поради што турнирот беше одложен за една година.

„Сите се сеќаваме дека овој специјален формат беше одобрен многу пред проблемите со коронавирусот. Тоа беше иницијатива на Европската комисија да го покажеме фудбалот низ цела Европа. Сега Александар Чеферин ја разгледува опцијата за одржување на шампионатот во само една држава. Тоа одговара на мерките за безбедност, нормално е “, прокоментира извршниот директор на германскиот шампион Баерн Румениге.

Натпреварите на ЕП 2020 треба да се играат во Лондон, Даблин, Глазгов, Амстердам, Билбао, Минхен, Копенхаген, Рим, Будимпешта, Букурешт, Баку и Санкт Петербург. Се очекува финалното решение за спроведување на турнирот да биде земено од европската дудбалска централа во март.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO