Шампионот Баерн ја задржа предноста од четири бода на врвот на Бундеслигата откако го совлада Аугсбург со 1-0 како гостин во натпревар од 17-тото коло на лигата. Единствениот гол на натпреварот го постигна голгетерот на Баварците, Роберт Левандовски во 13-та минута од пенал, а тоа беше 22-от гол за полјакот во Бундеслигата од почетокот на сезоната.

Домашните можеа да израмнат во 75-та минута, кога им беше досуден удар од 11-метри, но ударот на Алфред Финбогасон заврши во гредата.

Голманот на Баерн, Мануел Нојер ја забележа 196-тата сува мрежа во Бундеслигата и со тоа се изедначи со рекордот на легендарниот Оливер Кан.

Вториот на табелата РБ Лајпциг, исто така, победи со 1: 0 против Унион (Берлин) на домашен терен. Швеѓанецот Емил Форшберг погоди во 70-та минута.

Во поредокот, Баерн води со 39 бода, а го следат РБ Лајпциг со 35 и Баер (Леверкузен) со 32 бода.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO