Јута Џез забележа победа над Њу Орлеанс Пеликанс од 118: 102 во натпревар од регуларната сезона во НБА.

По изедначените први 24 минути, кои завршија со резултат 55:49 во корист на ʺџезерите“, домаќините притиснаа и победија по шести пат по ред во Лигата. Пред сите за победниците беше Донован Мичел со 28 поени, на кои додаде седум скока и четири асистенции. Руди Гобер заврши со ʺдабл-дабл“ – 13 поени и 18 скока за Џез, кој постигна 21 тројки.

За Пеликанс, Зајан Вилијамсон направи уште еден силен натпревар – 32 при шутирања 14/19 од полето, но неговите напори беа недоволни. Џез сега е втор на Западот со биланс од 10-4, додека Пеликанс е на 12-то место со 5-8. Двата тима во четврток повторно се соочуваат во салата на Јута.

На другиот натпревар од вечерта, Денвер Нагетс исто така оствари убедлива победа над Оклахома Сити Тeндер со 119: 101. Никола Јокиќ го продолжи својот величествен учинок од почетокот на кампањата по ʺдабл-дабл“ – 27 поени, 12 скока и шест асистенции. Уште шест кошаркари завршија со двоцифрен актив за победниците.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO