Фото: Роjтерс

Новиот вид на коронавирус, кој прв пат беше забележан во Велика Британија, продолжува да се шири и во минатата недела бил присутен во 60 земји и територии, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Тоа е за 10 земји повеќе отколку на 12 јануари, наведува СЗО во својот неделен епидемиолошки преглед

Варијантата на коронавирусот од Јужна Африка, која како и британската е повеќе заразна од оригиналниот SARS-CoV-2, се шири побавно и засега е присутна во 23 земји и територии, што е за три повеќе во однос на 12 јануари.

СЗО соопшти дека го следи и ширењето на две други варијанти вирус, кои се појавија во Бразил, а потоа се забележани и во Јапонија кај 4 патници од Бразил.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO