Жителите на едно село во Јапонија прибегнаа кон драстични мерки, барајќи начини да се спротивстават на постојаната пандемија од коронавирусот, пишува ʺДејли Стар“.

За да го заплашат Ковид-19, суеверните жители на Шикузен, префектурата Фукуока, подигнаа џиновска фигура од слама, на која е претставена горила – симбол на силата и моќта.

За изрботката на 7-метарската горила од слама, поставена на челична рамка, биле потребни два месеца. Ноќе, очите на огромното плашило светат црвено, што му дава уште пострашен изглед.

После издигнувањето, сламената горила, освен во идол, пред кој се поклонуваат местните, се претворила во своевидна атракција.

Сепак, набљудувачите одбележуваат дека станувајќи атракција, страшилото привлекува и собира многу луѓе на едно место, што во никој случај не помага да се ограничи ширењето на коронавирусот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO