Екипата на Бока Јуниорс го освои првото издание на турнирот за Купот Диего Марадона, откако во финалето го совлада Банфилд со 5: 3 на пенали. Регуларното време заврши 1: 1, бидејќи ʺзелените“ од Банфилд изедначија буквално со последниот удар на натпреварот.

Турнирот го доби името по легендата на аргентинскиот и светскиот фудбал, кој почина во ноември. Инаку, натпреварите започнаа во октомври, но подоцна турнирот беше наречен по името на Марадона.

Рок состав формиран од поранешни професионални фудбалери изведе неколку парчиња на теренот пред натпреварот, во комбинација со пиротехника и лајт шоу. Фотографии и пригодни фрази на поранешниот играч на Бока, Барселона и Наполи го надополнија шоуто.

После не многу атрактивните први 45 минути на стадионот ʺСан Хуан дел Бисентенариоʺ, Бока Јуниорс поведе. Едвин Кармона беше прецизен со спектакуларен удар од далечина во 19 минути по почетокот на второто полувреме.

Но, во 6-та минута од додаденото време, Лусиало Лоло израмни за Банфилд, една минута откако Емануел Мас од другиот тим беше исклучен со црвен картон.

Сите пет изведувачи на Бока беа прецизни при изведувањето на пенали, додека Хорхе Родригез од Банфилд промаши.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO