Фудбалерите на Сампдорија ја надиграа екипата на Удинезе со 2: 1 во доцниот саботен натпревар од 18-то коло во италијанското првенство. Гостите го запишаа шестиот последователен натпревар без победа во шампионатот, иако успеаја да поведат во резултатот.

Во првото полувреме Удинезе беше поактивната екипа на теренот во Џенова, промаши две поволни позиции за погодок, а во 42-та минута Родриго де Пол со удар од далечина ја погоди гредата. Аргентинецот сепак успеа да постигне гол во 55-та минута, но радоста на гостите беше кратка. Во 67-та минута Антонио Кандрева израмни по удар од белата точка, пресвртот стана факт во 81-та минута кога новото засилување Ернесто Торегроза искористи еден центаршут во казнениот простор и му ја донесе победа на својот тим.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO