Шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација Ханс Клуге изјави дека 95 % од вакцините против Ковид-19 кои досега се произведени, се распоредени во само 10 земји. Станува збор за 23,5 милиони дози вакцини, додавајќи оти за ефикасно запирање на вирусот неопходно е вакцината да се распределува рамноправно и во земјите со мали приходи и во сиромашните држави.

„Во глобалните напори да ја запреме пандемијата ние не смееме да заборавиме ниту една земја, ниту една заедница“, истакна Клуге

Тоа е единствено решение за оваа вонредна ситуација, затоа што никој нема да биде сигурен се додека не бидат сигурни сите, нагласи претставникот на СЗО.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO