И покрај тоа што ќе наврши 40 години оваа година, шведскиот ветеран Златан Ибрахимовиќ размислува за преговори и евентуално продолжување на неговиот договор со Милан, објави самиот фудбалер. Неговиот договор истекува на крајот на оваа сезона.

Ибрахимовиќ се присоедини кон Милан во декември 2019 година со договор за една сезона, кој беше продолжен за уште една и сега неговиот престој е фиксиран до крајот на кампањата 2020/21.

Неколку повреди го нарушија ритамот на напаѓачот во Серија А и Европа, но тоа не го спречи ветеранот да верува во уште една успешна година во првенството од топ 5 и покрај почетокот на неговата 40-та деценија. Оваа сезона тој постигна 10 гола на само 6 натпревари во лигата.

ʺСè додека сум добро, ќе продолжувам да играм“, рече тој во интервју за в. ʺКориере дело Спорт“. ʺМојот договор истекува во јуни и ќе разговараме за тоа. Не сакав да попаднам во слепа улица и дури да го изложувам мојот клуб. Тоа е и причината да потпишам за 6 месеци, а потоа да продолжам за една сезона. Отсекогаш сум ја поддржувал слободата на избор, што е традиционална вредност на Швеѓаните “.

„Го избрав Милан затоа што тоа беше најтешкиот предизвик. Со сета почит кон Аталанта и нивното учество во Лигата на шампионите, дојдов во Милан да помогнам и да ја сменам оваа ситуација“, изјави уште Ибрахимовиќ.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO