Фото: Роjтерс

Тренерот на Барселона, Роналд Куман изјави дека напаѓачот Лионел Меси би можел да го пропушти финалето на Суперкупот на Шпанија поради повреда.

ʺТреба да почекаме неколку дена за да видиме дали Лео ќе може да игра во финалето“, изјави Куман.

33-годишниот Аргентинец го пропушти полуфиналниот натпревар со Реал Сосиедад (3: 2 по изведувањето на пенали) откако почувствувал непријатност. Во финалето, Барселона ќе се сретне со победникот од двојката Реал (Мадрид) – Атлетико (Билбао).

Финалето на Суперкупот на Шпанија ќе се одржи во недела на 17 јануари.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO