Фото: Роjтерс

74% од грците имаат доверба во вакцината против Ковид-19, со рекордна активност на возрасните лица во Грција со желба да се имунизираат.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис предложи издавање на општо-европски сертификат за вакцинираните и полесен достап за нив при патувањето.

За само еден ден, над 60.000 Грци на возраст над 85 години се запишале за вакцинација, според Министерството за здравство. Тоа е следната група, која ќе се имунизира по лекарите.

Масовната вакцинација во Грција започнува на 16 јануари, со пуштање во употреба на првите 144 центри за вакцинација во земјата. На околу 30 мали острови, каде што нема болници, луѓето ќе бидат вакцинирани од воени медицински лица од Министерството за одбрана.

Последното проучување покажува дека 74% од Грците сакаат да се вакцинираат што е можно поскоро.

Коментарите во медиумите денес укажуваат на надеж дека Европската унија ќе го прифати предлогот на премиерот Мицотакис да издавање на општо-европски сертификат за вакцинираните против Ковид, кое ќе го олесни патувањето на луѓето. Тоа не вклучува забрана за влегување на невакцинирани лица во Грција.

Грчкиот премиер соопшти дека земјата обезбедила вкупно 25 милиони вакцини за двете дози од имунизацијата.

Во петок се очекува владино соопштение за благо олеснување на мерките со отворање малите трговски објекти.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO